4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Додека Меси руши рекорди, брат му е зад решетки!

Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси покрај целата популарност поради неговите фудбалски вештини, е уште познат и како човек кој има прилично проблематичен брат.
Имено, некогаш роднините поради популарноста на одреден свој близок сакаат да се докажуваат па и тие да бидат во центарот на вниманието, барем со нешто.

Ова не е прв пат семејството на Меси да се соочува со семејни проблеми кога станува збор за неговиот брат.

Ова е всушност втор пат во четири месеци кога братот на Меси е уапсен. Овојпат, за разлика од декември кога беше во домашен притвор, сега се наоѓа зад решетки.

Сценариото е исто, поседување на оружје со кое се заканувал, овојпат на возач со кој влегол во конфликт среде улица.

Според непотврдени информации тој и го удрил човекот со кој се скарал, а додека полицијата пристигнала, оружјето исчезнало, не е најдено ниту во деталниот претрес на автомобилот кој го возел постариот брат на Меси.

Матијас е уапсен, заврши во затворот Пинамар, ќе биде изведен пред судија. Обвинението е напад и нанесување повреди, а се очекува повторно да му биде одредена кауција.

Некаде во ота време, Лео ја водеше Барса до победа против Атлетико со која најверојатно го одлучи шпанскиот шампионат.

поврзани објави

Последни објави