Српскиот репрезентативец Ненад Томовиќ (30) пет години играше за Фиорентина и две сезони ја делеше соблекувалната со трагично прерано починатиот Давид Астори (31).
Ненад оваа сезона направи трансфер од Киево во Верона, но тоа не влијаеше на односите на двата играчи кои и понатаму беа во одлична комуникација.
Астори и Томовиќ две сезони играа заедно во одбраната на клубот од Фиренца, најчесто еден до друг.
Ненад после шокантната вест за фудбалскиот свет испрати порака до својот соиграч која ја пренесе официјалната страница на Киево:
– Давиде, пријателу мој. Можам да изговорам само неколку реченици… Беше посебен, ми беше чест да се натпреварувам со тебе и да бидам во твое друштво. Давиде, ти беше една од најинтелигентните личности кои некогаш сум ги сретнал. Само ќе ти кажам дека ќе се сретнеме повторно и ќе испиеме чаша вино заедно. Кога ќе дојде мојот ред, би сакал ти таму да ме чекаш. Баш ти. Твојот пријател, Ненад – гласи емотивната порака на српскиот репрезентативец.
Потсетуваме, околу 9:30 часот наутро во недела масерот отишол да провери што е со Астори и влегол во собата, каде го пронашол неговото безживотно тело.
Лекарите не се ни обидувале да го оживеат, што упатува на тоа дека веројатно бил мртов неколку часа.
– Трагедија, тага.. Бевме големи пријатели, се дружевме и надвор од терените. Минатата недела игравме натпревар едни против други и си ги разменивме дресовите. Последно што ми кажа беше – „ќе се слушнеме“. Не верувам дека веќе го нема, изјави Томовиќ за српски Курир па додаде:
Мислев дека тоа е некоја шега, па тој беше позитивен, насмеан и здрав. Кој би рекол дека може такво трагично нешто да се случи.