20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Американската амбасада во Анкара денес под клуч поради безбедносен ризик

Американската амбасада во главниот турски град Анкара ќе биде затворена за јавноста денес поради безбедносна закана, и ќе пружа само итни услуги.

Амбасадата ги советуваше американските државјани во Турција да ги избегнуваат големите гужви и зградата на амбасадата и да бидат свесни за својата безбедност кога ги посетуваат популарните туристички локации со многу луѓе.

Сепак, не е објаснето каква безбедносна закана довела до одлуката за затворање на амбасадата.

Разговорите за визи и другите рутински работи се откажани, се додава во соопштението на американската амбасада, со забелешка дека ќе биде објавено кога ќе се продолжи со работа.

поврзани објави

Последни објави