19.8 C
Skopje
среда, октомври 29, 2025
spot_img

Објавен првиот кус трејлер за последната сезона на „Куќа од карти“

spot_img

За време на доделувањето на Оскарите, беше објавен кус трејлер за последната сезона од ТВ серијата „Куќа од карти“, во којашто нема да го гледаме досегашниот главен актер Кевин Спејси

– Ние тукушто почнуваме!, вели во трејлерот актерката Робин Рајт, која го толкува ликот на Клер, сопругата на претседателот Френк Андервуд. Таа всушност и ќе биде новиот главен протагонист во приказната.

Спејси е отпуштен од проектот поради неодамнешните обвинувања за сексуално вознемирување. Неговото претседателско столче во серијата веќе го презема Рајт.

Сезоната првично требало да има 13 епизоди, и Андервуд, односно Спејси, требаше да остане главен лик, но по скандалот, сценаристите драстично го преработиле веќе подготвениот текст и го избришале ликот на Андервуд.

поврзани објави

         

Последни објави