Историјата на македонскиот народ е претворена во историја на ВМРО, вели професорот Мирослав Грчев во ТВ дуелот во Само Вистина
ВМРО е прашање на огромен историски фалсификат и ужасна пропаганда за целиот народ. Ова е тежок безобразлук и злоупотреба. Тоа се приказни на партијата ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО е основано 20-та година од Тодор Александров. Не може да се зборува за ВМРО пред 20-та година. Оваа организација е позната по тоа што сите членови и симпатизери и се приклучија на бугарските фашистички организации кои убиваа и колеа комунисти, рече професорот Грчев.
Александар Македонски е донесен со програма од општина Центар. Во законот стои дека може да го крева и подига само Собранието на РМ и тоа да гласа со мнозинство специјално заштитено, бадинтерово мнозинство. Криминалот е извршен. По законот стои 25 членови дека тие што ќе го прекршат ова, спомениците се враќа во првобитна состојба, како и секоја дивоградба, било да се бронзени или било какви други, додава тој.
На ова Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ му одговори:
ВМРО е исто со Македонија. Познатиот Стојан Христов вели: За да опстои идејата за Македонија постоеше една организација која се инаетеше и со крв го остави отворено прашањето. Таа организација не е фашистичка професоре Грчев.
Таа организација беше избришана од македонската историја. Досието на УДБА до 2000 покажуваат прогони и по 45-та година. Вас луѓето ве доживуваат како македономрзец. Вие мислите дека со ова не и штетите на македонската нација и македонското ткиво?
Свретете се и погледнете го Хасан Приштина. Него кога ќе го пипнете тогаш навистина ќе кажам дека ве интересира перењето на пари. Во кое својство вие етикетирате дека некој е фашист. Кој ви дозволува мене да ме етикетирате како фашист? Јас се идентифицирам со Гоце Делчев, со македонските великани, со Даме Груев, со гемиџиите. Ќе ги тргнете ли и нив?! Вие сте поблиску до Хитлер по вашето мислење.