4.8 C
Skopje
сабота, октомври 25, 2025
spot_img

СЕ ОБЈАВИ СНИМКА ОД СОБЛЕКУВАЛНАТА НА РЕАЛ: Зидан емотивно им честиташе на фудбалерите!

spot_img

Роналдо меѓу највеселите

Фудбалерите на Реал Мадрид без некои поголеми проблеми се изборија за пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Иако имаа предност од 3:1 од првиот натпревар, кралевите од Мадрид на Парк не дојдоа да се бранат, туку храбро и со напаѓачка игра на крајот успеаа повторно да слават (2:1) и да го запечатат својот пласман за понатаму.

Кралскиот клуб објави снимка на која може да се види како фудбалерите на Реал славеа после вчерашниот триумф. Иако не беше претерано еуфорично, Кристијано Роналдо после натпреварот беше еден од највозбудените и среќни фудбалери, каде влезе прв, но и најгласно.

Тренерот на Реал, Зинадин Зидан поединечно се поздрави со секој од играчите и им честиташе на успехот. Посебно емотивно ги прегрна капитенот Рамос, Марсело и Лукас Васкез.

Како тоа изгледаше можете да видите на следното ВИДЕО

поврзани објави

         

Последни објави