Фудбалерот на Челси Еден Азар во последно време е постојано во центарот на вниманието во фудбалската јавност. Белгискиот репрезентативец во медиумите се почесто е поврзуван со заминување во кралскиот клуб Реал Мадрид.
Имено, како што пишуваат шпанските медиуми, неговиот татко повторно врши притисок врз фудбалерот да одбие да остане на Стемфорд Бриџ и го советува да ја продолжи кариерата токму во Мадрид.
Претходно, во медиумите излегоа разноразни шпекулации за огромни суми, но Азар демантираше дека ќе го напушти клубот од Лондон, при што истакна дека единствено нешто кое го интересира во овие моменти е успехот на клубот во сегашноста.
Но, според последните пишувања на тамошните медиуми, белгискиот репрезентативец не само што планира да остане на Стемфорд Бриџ, туку истиот врши притисок врз управата на клубот да го одврзе ќесето и да купи два супериорни играчи кои според него можат да придонесат голем успех за Челси.
Станува збор за еден од најдобрите фудбалери на светот. Азар би сакал да го види Кристијано Роналдо во Челси и би сакал да соработува со португалецот заедно во нападот на Сините.
Според Азар, токму Роналдо и Де Брујн се двајцата играчи кои можат да бидат доволно силна причина поради која клубот во иднина би нижел само и само – успеси!