222 милиони евра вредното засилување за ПСЖ секој ден на некој начин го привлекува вниманието врз себе. Дури и кога е повреден шпекулациите едноставно не престануваат. Колку вистина има во тоа дека сака да се врати во Барселона, до евентуалниот трансфер во Реал Мадрид, останува да се види.
Иако Емери изјави дека верува во проектот на ПСЖ и дека останува на тренерското место, јавноста не мисли така. Веќе на големо се зборува за наследниците, а тоа најверојатно ќе биде Конте или Покетино. Тешко е да се верува дека Покетино ќе си замине од клупата на Тотенхем, додека кај Конте ситуацијата е поинаква и оваа сезона му се тресе клупата. Се зборува дека Абрамович се договорил со Луис Енрике и сосема е можно сценариото Конте да прејде во Париз.
Испаѓањето од Лигата на шампионите, можното заминување на Нејмар, Кавани и Курзава на кого му е преку глава од критиките и одлучи сам да си пронајде нов клуб. Сето ова не доведува до тоа дека ќе дојде до голема реконструкција на водечката екипа во француската лига.
Парижаните фрлија око на дури тројца играчи на Челзи, а тоа се Нголо Канте, Еден Азар и Тибо Куртоа.
Покрај се, најголемиот фокус е и понатаму врз Нејмар, а „Ле Паризиен“ тврди дека клубот не знае апсолутно ништо за иднината на Бразилецот. Колку и да сака Бразилецот да се врати во Шпанија, голем проблем прави една многу малку позната работа, а тоа е дека Нејмар во ПСЖ има 100 проценти од заработката од спонзорските договори кои се потпишани со „Најк“, „Жилет“, „Ред Бул“, „Риплеј“, „Рексона“, „Покер Старс“ и „Конами“.
Во Реал праксата е заработката да се дели 50-50 помеѓу играчот и клубот, единствен исклучок е Кристијано Роналдо кој во своја корист има 60%. Барселона со Нејмар го имаше договорот дека сите договори пред доаѓањето во клубот одат 100% за Бразилецот, а оние кои ќе ги потпише по доаѓањето во клубот се делат на половина, што не наведува на тоа дека можеби и би можело да дојде до голем кам-бек. Според пишувањата на шпанските медиуми, Бразилецот од својот татко побарал да договори заминување од ПСЖ веќе следново лето, бидејќи нема намера повеќе да игра за шампионот на Франција. Наводно рекол и дека сака трансфер во Реал Мадрид, а не враќање во Барселона како што се пишуваше изминативе денови.
Извор: СпортКлуб