6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Дали ја знаете Баба Марта- ова е легендата за чудната старица која никој не смеел да ја налути

Колку често во животот, особено од постарите, сте го чуле изразот Баба Марта, а знаете ли всушност што значи тоа?

Со првите денови на пролетта, кога времето и понатаму е променливо, месец март често го нарекуваме „Баба Марта“, чудна старица, нервозна по природа.

Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното прашање, новите желби и неопходност на усогласеност со природата и со животот на луѓето. Кога го нема тоа, таа на земјата испраќа снег за да ги опомене луѓето дека треба да внимаваат на однесувањето.

Колку често во животот, особено од постарите, сте го чуле изразот Баба Марта, а всушност и не знаете што значи тоа? Станува збор за митолошко суштество, чиешто име настанало како персонификација на месецот март и неговата променлива природа и нередвидливи метеоролошки појави.

Баба Марта, всушност, во секојдневниот говор се користи за временските незгоди кога за тоа не е време, а изразот го употребуваат речиси сите словенски народи.

Имено, во периодот кон крајот на март и почеток на април често ненадејно знаат да задуваат ветришта и да падне снег кога за тоа не е време, а за таквите временски околности се употребува едноставен израз – Баба Марта.

Легендата вели дека таа прво се налутила кога римскиот крал Нума Помпилиј ѝ го одзел првото место во календарот додавајќи пред неа уште два месеци. Оттогаш, таа навредена старица, станала непредвидлива. Еден момент во неа се буди воинствениот дух на богот Марс, па така се одмаздува праќајќи студ на земјата, за во друг момент да реши со топлата насмевка да испрати пролетна радост.

поврзани објави

Последни објави