Фудбалерот на Манчестер Јунајтед во саботата после натпреварот со Ливерпул ги испразни своите џебови, а од нив испаднаа клучеви, мобилен телефон и Мохамед Салах, „раскажуваат“ и два дена после англиското дерби навивачите на Црвените ѓаволи.
Манчестер Јунајтед во саботата со 2:1 на својот Олд Трафорд го совлада Ливерпул, а инаку сјајниот фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах го одигра можеби и еден од најлошите натпревари од доаѓањето на Енфилд.
Него во текот на средбата на Олд Трафорд го “чуваше“ универзалецот на Мурињо, Ешли Јанг, кој успеваше да го запре египетскиот виртуоз на неколку прилики.
После натпреварот на социјалните мрежи фановите на Јунајтед се шалеа на сметка на Салах констатирајќи дека Јанг го “стрпал во џеб“.
На ваквиот тренд му се приклучи и самиот Јанг кој на својот Инстаграм стори постави сопствена фотографија со интерес натпис.
“Престанете да ме испитувате! Не е во мојот џеб, се колнам дека не е“, напиша Јанг очигледно алудирајќи на коментарите на сметка на Мохамед Салах.