25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ДИРЕКТОРОТ НА ЦИА СТАНА НОВ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД

Како што е редот, Трамп во еден твит го потврди отпуштањето на досегашниот министер за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, и го објави неговиот наследник, Мајк Помпео, досегашниот прв човек на американското разузнавање.

Додека Тилерсон доаѓаше од бизнис секторот, поранешен ЦЕО на ЕксонМобил, Помпео доаѓа од воено-разузнавачкиот еснаф но има искуство и во бизнис.

Помпео е роден во Калифорнија од каде по завршување на основно и средно, заминува во воената академија Вест поинт. Дипломира механичко инженерство како првенец во генерација (1986). Во американската армија стигнува до чин капетан, а главно служи на „патролирање на Железната завеса пред падот на Берлинскиот ѕид.“

поврзани објави

     

Последни објави