Денес СДСМ и владејачкото мнозинство ја поништија волјата на граѓаните. Ова е дното кон кое сакаат да не понесат сите нас. Од оваа одлука никој нема да живее подобро. Ова е неуставен закон, неприменлив и штетен. Договор меѓу две партии, СДСМ и ДУИ, но не и договор прифатен од граѓаните. Ова е удар врз соживотот. Некој свесно не вовлекува во непосакувано сценарио. Држава во која правото не владее и не е приоритет, значи дека е разнишана држава. Безаконието е начин на практикување.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери поради кршење на Уставот и законите. Овој закон ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае. Дополнително, во официјалното објавување во службен весник како партија ќе поднесеме иницијатива до уставниот суд за оценка на уставноста на овој неуставен закон, рече Мицкоски.