Заменик Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески со свој личен став на Фејсбук истакна дека вчера во Собранието на Република Македонија се суспендирани Уставот, Законите и Деловникот за работа, а дека веќе излгасаниот закон за јазици е споритвен на Рамковниот договор и истиот е донесен на сила.
Црн ПОНЕДЕЛНИК!
Црн ЧЕТВРТОК!
Од вчера и Црна СРЕДА!
Суспендирани Устав, Закон, Деловник…
Насилство врз слободата и демократијата!
Насилство врз пратеници кои претставуваат граѓани!
Насилство врз граѓаните на Републиката!
Ако продолжиме вака “демократски и слободарски”, БЕЛ ден нема да остане за сите нас кој се определивме да живееме во РМ!!!
Собранието од Храм на демократијата го претворивме во Храм на резилот!!!
Едно општество за двајца!!!
Живот за еден!!!
Зошто? Еден едноставен пример:
Во Општина Х живеат 30 ромски, 10 турски и 1 албанска фамилија.
Согласно овој закон, 1 албанска фамилија има право да користи мајчин јазик, а 30 ромски и 10 турски немаат?!?
Каде е тука УСТАВНОСТА?!?
Каде е рамноправноста пред Устав и Закон?!?
По “недоветно” решение за јазиците не можевте на СИЛА да донесете!!!
Одржливоста на “Рамковниот договор” (слепо и застарено решение според мене) е гарантирана и потпишана од меѓународната заедница.
Овој Закон е спротивен на истиот!
Ако веќе го отвараме тој договор, тогаш е време за отфрлање на ЕТНОШОВИНИЗМОТ и воспоставување на модерно општество! Меѓународната заедница има обврска и одговорност да даде одговор на истото?!?
Донесувањето на овој Закон е обид за предизвикување на нова политичка и безбедносна криза во РМ, со цел да бидеме спречени на патот за влез во НАТО во 2018 год.
Комунистите од СДСМ и марксисти ленинистите од ДУИ добро го знаат тоа, но го знаеме и ние припадниците на Организацијата!
Оваа состојба на апартхејд е неодржлива, а другарите од СДСМ ја воспоставуваат по насилен пат!!!
Оваа состојба мобилизира и повикува на борба за
СЛОБОДА и ЧОВЕЧКИ ПРАВДИНИ
ВМРО го има одговорот:
СЛОБОДА или СМРТ

