35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Циркуз или Парламент: Села и Мухиќ тврдат дека гласале за законот, системот не ги регистрирал!?

Зијадин Села и Ферид Мухиќ гласале за законот за јазиците. Пратениците за „Макфакс“ изјавија дека на вчерашната седница го стиснале зеленото копче и дале глас за усвојување на законот. Нивните гласови не се избројани во 64-те гласа со кои се изгласа законот. Според стенограмот од гласањето, објавен на официјалната веб-страница на Собранието, Села со реден број 97 не гласал за законот, а исто и Мухиќ, кој е под реден број 82.

Лага е дека не сум гласал за законот. Може да се види на снимката дека гласав“, изјави Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ за „Макфакс“.

Независниот пратеник Ферид Мухиќ најави дека на денешната седница ќе бара објаснување за гласањето.

„Јас гласав за законот за јазици, не знам зошто мојот глас не е евидентиран. Гласав и со кревање рака кога гласаа немнозинските заедници. Апсурдно е да се каже дека не сум гласал, а потоа сум гласал. Денес на пленарна седница ќе побарам да го објаснам ова“, вели Мухиќ за „Макфакс“.

поврзани објави

Последни објави