20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Двајца од предлагачите на измените на законот за пушење гласаа против

Пратеничките Хадри Шпреса и Емини Асани Мирсада, кои се потпишани како дел од предлагачите на измените на Законот за заштита од пушењето, на вчерашната седница во Собранието гласале против својот предлог.

Законските измени на вчерашната седница, останаа да ги бранат координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, и неговиот заменик Јован Митрески, додека Мирсада Емини Асани и Шпреса Хадри од ДУИ, иако се предлагачи на законот, гласаа против. Другите двајца предлагачи, Петре Шилегов и Васко Ковачевски, не се веќе во Парламентот, станаа градоначалник и директор на РЕК Битола. Ивана Туфегџиќ, иако првично беше потпишана на измените, на предлогот го немаше нејзиниот потпис.

Со 41 глас „за“, вчера Собранието го усвои Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, поднесен од. 14 беа „против“ и имаше еден „воздржан“.

Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог-законот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.

„Останува целосно во сила забраната за пушење во сите затворени објекти. Ниту едно право што го имаат непушачите во моментов нема да биде загрозено“, рече Тунтев.

Извор: СДК

поврзани објави

Последни објави