18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Тоти ја предупреди Барселона: Ќе мора добро да се испотат…

Попладнево во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето во Лигата на шампионите, а една од пресметките која ќе ја гледаме е онаа меѓу Барселона и Рома.

Каталонците на хартија сигурни се фаворити во овој двобој, но нема се да биде така лесно, а тоа по ждрепката го нагласи директорот на „волчицата“ Франческо Тоти кој го предупреди шпанскиот гигант дека ќе се соочи со состав подготвен да даде се од себе и да направи изненадување.

-Среќен сум што сме меѓу осумте најдобри во Европа. Секој тим е тежок во оваа фаза, но ние се соочуваме во ова пресметка со ведрина и спокојство. Знаеме дека Барселона е еден од најдобрите тимови во Европа, но знаеме оти можаме да одиграме добро против нив. На хартија, Севилја и Ливерпул беа прифатливи клубови, но тоа не е случај. Се е поинакво на теренот. Бидете сигурни дека ќе бидат загрижени поради тоа што ќе се соочат со Рома. Сакаме да ја одиграме нашата игра и да покажеме дека можеме да се надигруваме со Барселона. Сите очекуваат Барса да помине, но ќе се соочат со одличен тим на Рома. Фудбалот е одличен, особено за вакви натпревари. Ако сакаме да го освоиме ова натпреварување мора да одиме докрај и да се соочиме со најдобрите тимови. Соочувањето со големи играчи како Меси и Суарез ни дава голема мотивација. Ние завршивме на врвот во многу тешка група, се соочивме со Шахтјор во осминафиналето и тргнавме по повеќе од позитивно патување. Барселона ќе мора добро да се испоти за да ја добие Рома, -порача Тоти.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

     

Последни објави