27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

МВР ги крие снимките од нападот на полицајката

Министерството за внатрешни работи и Основото јавно обвинителство не ги даваат снимките од инцидентот со полицајката која беше нападната од функционерот на ДУИ, Бекир Асани. МВР тврди дека ги нема снимките од уличните камери на кои се гледа нападот врз полицајката од страна на функционер на ДУИ. „Макфакс“ поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер за да ги види видеоматеријалите, но по 14 дена, МВР ја префрли топката кај Јавното обвинителство како имател на снимките.

„Ве информираме дека согласно со член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барањето го доставивме до Јавното обвинителство за нивно понатамошно постапување“, велат од МВР.

На нашата забелешка дека снимките биле кај нив во моментот кога е доставено барањето, од МВР велат дека не е важно каде биле снимките кога сме го доставиле барањето, туку важно било кој ги поседува во моментот кога тие даваат одговор.  Барањето на „Макфакс“ е испратено три дена пред Обвинителството да отвори истрага, во време кога снимките беа во рацете на МВР.

Јавното обвинителство не одговара на прашањата од „Макфакс“ за нападот на полицајката. Според МВР, кај нив е препратено и барањето за снимките.

Останува нејасно зошто ако полицајката не била нападната и сторителот има само прекршочна пријава Обвинителството отвора истрага, а снимките не се објавуваат во јавност, односно се чуваат во тајност.

Јавноста се сеќава дека кога Оливер Спасовски беше технички министер за внатрешни работи беа објавени снимките од инцидентот со ексминистерот Диме Спасов, а за тоа се одржа и прес-конференција.

Повеќе за ова на МакФакс (Извор – МакФакс)

поврзани објави

Последни објави