Сините од Лондон имаа вечер за заборав на ЛШ, историјата се повтори, а Челси повторно уште еднаш беше елиминиран од Барселона кога станува збор за ова фудбалско натпреварување.
Тимот на Конте претрпе пораз со резултат од 3-0. Според многумина, фактот дека Челси е поразен и нема да може да продолжи да се бори за титулата во ова првенство, но и самите резултати од Премиер лигата се повеќе придонесуваат за белгискиот репрезентативец да размислува во насока на напуштање на клубот од Лондон.
Според шпекулациите изнесени во англиските медиуми, Азар по поразот веднаш разговарал со неговиот татко, по што јасно нагласил дека доколку клубот од Лондон не го одврзе ќесето и не донесе играчи кои би можеле да му помогнат да го направат тим кој победува и освојува титули, тогаш неминовно е неговото заминување.
Азар досега повеќе пати во медиумите негираше дека ќе замине од Челси и дека е среќен во овој клуб. Дали, шпекулациите за негово заминување во кралскиот клуб ќе бидат остварени зависат од управата на клубот односно од нивниот интерес за купување на нови играчи кои би можеле да придонесат за поголем успех на клубот.