Семафорите и сообраќајниот метеж може да бидат навистина стресни и фрустрирачки. Времето кое го поминуваме чекајќи на семафор или во метеж е минимум 20 минути дневно, односно околу 2 работни недели годишно. А целото тоа време сме во автомобилот и не правиме ништо. Па, зошто да не го искористите тоа време и да направите нешто што ќе ви го подобри животот?
1. Дишете
Бавното дишење е одличен лек против стрес и го подобрува вашиот имунитет, а седењето во автомобил е одлично место за да го направите тоа. За почеток е доволно да дишете побавно и подлабоко. Потоа можете уште повеќе да забавувате, на пример држете го воздухот 6 секунди. Доволно ви се 5 минути од оваа техника за веднаш да ги почувствувате резултатите.
2. Листа за благодарност
Покажувањето благодарност е уште еден лек за грижата, а колку почесто го практикувате толку подобро ќе се чувствувате. Замислете само едно нешто за коешто сте благодарни и денот веднаш ќе ви стане подобар.
3. Почувствувајте ги добрите нешта
И ова е еден вид покажување благодарност. Размислете за нешто добро што ви се случило неодамна, ценете го и уживајте во убавото чувство околу 20-тина секунди. На овој начин го програмирате вашиот мозок за уживање.
4. Кегелови вежби
Дами, нема подобро место за овие вежби од чекањето на семафор. Покрај тоа, тие се одлични и за мажи.
5. Опуштете се
Дозволете си барем еден миг мир. Ослободете се од сите мисли и слушајте ги вашите сетила. Слушајте ги сите звуци, забележете ги сите ароми, почувствувајте како седиштето го потпира вашето тело, впијте ја бојата на небото. Едноставно, бидете присутни во сегашноста.
6. Носталгија
Изгледа дека носталгијата им помага на многу луѓе да се ослободат од меланхолијата и да се чувствуваат поповрзано. Се разбира, важно е да се вратите во сегашноста кога ќе почнете со возење.
7. Истегнете се
Ако сте застанати подолго време, можете да ги истегнете вашите стапала, зглобови, раце и дланки. Истегнете ги и грбот и вратот.
Прочитајте го целиот напис на – Кафепауза.мк