23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ВИДЕО: ЦИРКУЗ НА ТЕРЕНОТ – СОИГРАЧИТЕ ОД ОКСЕР СЕ ТЕПАА МЕЃУ СЕБЕ, СУДИЈАТА…

Натпреварот од француската лига 2 помеѓу екипите на Кивели Руен и Оксер, заврши со победа на домаќините со 4:1.

Но натпреварот беше заклучен со една помалку бизарна ситуација која се случи во 81. минута, кога двајца играчи на гостите ќе се испотепаа, доколку меѓу нив не се најдеше играч на домашната екипа.

Мечот се ближеше кон завршната фаза, домаќините имаа лагодна предност од 3:1, а токму тогаш се случи возбудливиот момент, кога веројатно поради некое нереализирано додавање во играта, играчите Поломат и Барето се испотепаа меѓу себе, но за нивна среќа, имаше во близина противнички играчи, кој беше „брана“ меѓу нив двајца.

Во истиот момент главниот судија и на двајцата играчи од Оксер им покажа црвен картон.

https://www.youtube.com/watch?v=Fdpn6szH0tU

поврзани објави

Последни објави