Насмевки, прегратки, кренатиот палец на Нејмар…Чудесен ден, сонцето на Рио, цвеќиња и рози. Најскапиот фудбалер на светот и еден од најбогатите луѓе на планетата – Насер Ал – Келафи се забавуваат заедно.
Таков беше впечатокот од посетата на милијардерот во бразилската метропола, за да се сретне со ѕвездата на ПСЖ.
А сопственикот на парижаните ги увери навивачите: Се е во ред со Нејмар
А се ли е во ред!?
Не звучи толку убедувачки оваа реченица како онаа на катарскиот бос кога кажа – не 100, туку 2000 проценти е сигурно дека Нејмар ќе остане во Париз и следната сезона.
Колку и да не им се допаѓа, на “Парк де Пренс“, се многу на чисто, дека ситуацијата со бразилецот е ’50 % на 50 %’. Да не кажеме, дека веќе шансите да премине во Реал Мадрид изгледаат толку поголеми од тие да ја гледа Ајфеловата кула преку својата тераса во 2018/19.
А и да ти дојде шеик дома не е случајна работа. Ова всушност беше протолкувано како панична реакција од страна на ПСЖ, дека ја губат битката за ѕвездата, и веројатно таа е точно таква.
Посетата на Ал-Келафи во Бразилија е јасен знак, дека од клубот ќе направат се што е во нивна моќ за да го задржат бразилецот во ПСЖ.

Сепак, тој е најважниот дел од стратегијата за зголемувањето на моќта на ПСЖ, не само како богат клуб, туку и како голем фудбалски фактор во фудбалскиот свет.
Нешто што ќе биде ставено под сериозен прашалник по правењето на најскапиот договор во историјата на фудбалот е тоа што го претвора пазарот наопаку и истовремено е тешко да го задржи својот скап накит повеќе од година дена.
Се шпекулира, дека ќе се обидат да му парираат на Реал во нивната желба да го купат бразилецот, па макар и по цена од 400 милиони евра. Ако навистина е така, тогаш заслужува да поразговараме за тоа што би ги натерало “кралевите“ да издвојат таква огромна сума за Нејмар.
А тоа е, истото она кое го натера т.е убеди ПСЖ, дека Нејмар заслужува 222 милиони евра.
Од финансиска гледна точка да го имаш Нејмар е златен рудник.
Освен што влегувате во бразилскиот фудбалски пазар, исто така, станувате магнет за спонзори. ПСЖ се надеваа дека ќе ги зголемат своите приходи од “Најк“ и “Ејтајтс“, за четири пати во наредната година или две, но без суперѕвездата преговарачката позиција би била значително ослабена.
Јасно е, дека во Реал немаат проблеми со наоѓање на спонзори, но зошто да не ја искористат ситуацијата, како што правеле многу пати во минатото!?
На “Бернабе“ не мислат само за пари и печалба, туку и за фудбал. Претставете си како би можел да изгледа тимот, ако го има Нејмар.
На располагање на Зидан се неверојатни фудбалери, но 15 поени зад големата Барселона е аларм дека нешто не е во ред. Дека постои празнина, која мора да се пополни со нешто “специјално“.
А има ли нешто по-специјално во фудбалот во моментот од бразилецот?