4.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Вистинските причини: Зошто Нејмар е незадоволен и сака да го напушти ПСЖ

Бразилскиот ас, Нејмар во текот на минатото лето од Барселона премина во Пари Сен Жермен и тоа откако „светците“ ја активираа откупната клаузила од 222 милиони евра, но многу лесно може да се случи по само една сезона да си замине од Франција.

Иако многу шпекулации на оваа тема, од таборот на „светците“ уверуваат оти нема никаков проблем и ќе ја задржат најголемата ѕвезди, но во исто време постојано активна е веста за трансфер во Реал Мадрид. Во меѓувреме бразилските медиуми објавија листа на причини поради кои е незадоволен и би сакал да си замине од најдобриот француски состав.

Наводно Нејмар им се доверил на пријателите и го искажал своето незадоволство кое се однесува на грубоста на ривалите во Лига 1(фаулиран е просечно по 5,2 пати, во Шпанија таа бројка беше 3,5 фаули по натпревар), не е задоволен поради тоа што не ја добива потребната заштитата од судиите, разочаран е од состојбата на терените на противниците и не го сака возењето со автобус и седењето во хотели пред натпреварите.

Ова се причините поради кои некогашниот член на Сантош би си заминал од „Паркот на принцовите“, но легитимно е прашањето каде би можел да заврши, односно дали некој клуб, па макар и Реал би платил 300-400 милиони евра, суми кои се споменуваат низ светските медиуми.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави