9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Валверде: Би потпишале со крв…

Барселона бележи одлични резултати и е во добра позиција на сите фронтови во оваа натпреварувачка сезона, а поради ова особено е задоволен тренерот Ернесто Валверде.

Тој ретко ги покажува своите емоции крај аут линијата без разлика дали неговиот тим води или губи, но дефитивно за него е позитивно тоа што го гледа во оваа кампања 2017-2018 и тоа денеска го покажа со една искрена и директна изјава пред лигашкиот натпревар против Атлетико Билбао.

-Без разлика дали сте оптимист или песимист, секогаш треба да верувате дека добро ќе си ја завршите работата. Да, се разбира ако оваа позиција ни ја понудија на почеток на сезоната би ја потпишале со крв. Но, сега се соочуваме со Атлетик, кој е опасен ривал што минува низ лошо време откако е елиминиран од ЛЕ и е пониско пласиран во ЛА Лига. Ние имаме осму поени предност во однос на Атлетико, а тоа е истата разлика на Атлетик до местата кои водат во Европа, па затоа овие три бода се клучни. Сега сме во фаза на одбројување. Има 10 натпревари во лигата и тежок месец како април и има многу важни натпревари, -истакнал Валверде.

Derbi.mk

поврзани објави

Последни објави