13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Еден лав молчи од страв!?

Генералот Стојанче Ангелов несомнено е еден од луѓето кои заслужуваат признание за неговото саможртвување во војната од 2001, каде што цврсто и без тронка сомнение застана на браникот на татковината. Покрај ова, на Генералот треба да му се оддаде и почит за неговата борба за бранителите со глас, а не само со оружје, бидејќи во изминатите 15 години тој е еден од оние бранители кој бараше унапредување на правата на бранителите, остварување на бенефиции за членовите на нивните семејства, како и донесување на правата на бранителите.

Но, и покрај сите овие жртви и борби, денеска Генералот Ангелов како да не е истиот оној човек кого го слушавме до пред некоја година. Неговата политичка партија „Достоинство“ пред само неколку години реагираше со соопштенија, чии наслови беа – „За што се боревме ние во 2001? За Албанска Македонија?“, каде што јасно упатуваше критики кон поранешната власт за нивното “клекнување“ пред албанскиот политички фактор во државата.

За жал, денеска нашиот Генерал како да исчезна, и од жесток критичар стана човек кој многу ретко можете да го видите како ќе искритикува некоја постапка на власта предводена од СДСМ и ДУИ. Еве, пример законот за јазици. И покрај реакциите на многу интелектуалци – професори блиски до СДСМ дека законот е неуставен и истиот е против рамковниот договор, ние, граѓаните на Република Македонија, од страна на партијата „Достоинство“, ниту пак лично од Генералот не слушнавме било каква критика во однос на овој закон. Имено, наместо жестока критика, слушаме како Ангелов вели: „Не сум сигурен дека Законот вака смееше да биде донесен“. Не сум сигурен!? Што и да значи ова…

И Генералот продолжува – Тој во интервју за „Низ Призма” вели дека од овој Закон Македонија нема да пропадне, бидејќи како што нагласува во интервјуто Ангелов, Македонија издржала и полоши работи. Бре, мајката. Каква „мудра“ реченица!

И понатаму продолжува и вели: Кога беше донесен Законот за јазици видовме реакција од ВМРО-ДПМНЕ и од поранешниот лидер, Никола Груевски. Според мене сметам дека ова е сценарио со кое што тој сака да поврати дел од нарушениот патриотски имиџ. Но, тоа не поминува кај граѓаните бидејќи истурање чаша вода делува смешно и детски…

И, повторно слушаме. “ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, Груевски, Груевски“…Од целата ситуација во која се најдовме, за која критика даде и францускиот амбасадор Тимоние кој истакна дека начинот на кој беше донесен законот – без минимум консензус и без цивилизирана дискусија, може да ја проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, Генералот наш, во својот јавно изнесен став во однос на законот, реши да ни објаснува нам, колку голем маж бил Груевски, и тоа во најмалку три наврати, наместо да даде критика за начинот на кој беше донесен законот, како и за изјавите на Али Ахмети кои вели дека истиот е донесен по борбата на многу маченици кои се жртвувале во таа 2001 за овој закон, тој го спомена името и презимето на Никола Груевски.

Оставете тие приказни, Генерале! Никола Груевски го заврши своето. Тој веќе не е никаков политички фактор во земјата. Но, Вие, со вашето однесување, со вашите постапки не само што не покажувате грижа, не само што не упатувате критика, туку се обидувате да го свртите вниманието на јавноста кон Никола Груевски. 

За мене Вие сте Лав, кој се борел во таа 2001 година, ЛАВ кој се бореше и во изминатите 11 години, но после вчерашната реакција Вие за мене сте ЛАВ кој молчи од страв. За каков страв станува збор Вие најдобро си знаете… 

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

Пишува: Р. Начовски

поврзани објави

Последни објави