21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Буфон: Се враќам заради Астори и да ја обединам селекцијата!

Иако пред извесен период еден од најголемите фудбалски голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон најави пензионирање од репрезентативниот дрес на Италија, сепак  сè уште не им кажал збогум на фановите на „азурите“.

Чуварот на мрежата на Јувентус посакува да остави голема трага во италијанската репрезентација и затоа го прифати повикот на селекторот Луијџи ди Бјаџи за пријателските натпревари со Аргентина и Англија.

  • Јас сум конзистентна личност со големо чувство на одговорност. Тоа е доволно за повторно да бидам дел од оваа репрезентација. Некои момци созреваат, а некои веќе се подготвени да ја водат оваа репрезентација, а јас на истите сакам да им помогнам и да им посочам што значи да се носи овој дрес“, изјави Буфон кој во продолжение открива уште една причина зашто се одлучи уште еднаш да се најде пред стативите на италијанскиот гол. „Давиде Астори е уште една причина зашто сум овде и зашто позитивно одговорив на овој повик“.

    Извор: Gol.mk

поврзани објави

     

Последни објави