14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Ременски: Полицијата не постапува, јас и колегите не се чувствуваме безбедно

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски денеска ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, по протестот пред нејзиниот дом бидејќи го поддржала Законот за јазици. Ременски тврди дека има сознанија и докази дека зад протестите стои општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а биле придружувани со вработени во јавни институции како Управата за јавни приходи.

„Правото на протест е загарантирано за секого, но овде не стаува збор за протест бидјеќи не е најавен во надлежните институции. Ова предизвикува последници, кои ако не се превенира, можат да добијат други размери. Демократијата не значи загрозување на безбедноста на другите. Чусвството на небезбедност е лично. Како што го чувствувам јас, го чувствуваат и мои колеги. Недоличните пароли, остануваат простор за тоа“, вели Ременски.

Пратеничката ќе поднесе пријава за вршење насилство врз неа и нејзиното семејство. Своето милениче, Ременски го нарече нејзин полицаец, и додава, вториот полицаец спиел до нејзе, односно тоа бил нејзниот сопруг.

„Рекс и сопругот треба да ги преземаат активностите, што треба да ги преземе полицијата. Тука не станува збор за приватно поведение, туку за обврска на институциите да ги штитат граѓаните на Македонија“, додава Ременски.

Фросина Ременски ја обвини полицијата дека не постапувала согласно закните, односно тврди дека МВР не ги штити граѓаните. Според неа, ако демонстрантите продолжеле да протестираат ќе се соочеле со други санкции според други закони.

поврзани објави

Последни објави