Претседател Доналд Трамп нема намера да му честита на неговиот руски колега Владимир Путин за неговата победа на изборите. Во неговиот распоред не е предвидено телефонски повик за оваа прилика, изјави за Ројтерс портпаролот на Белата куќа Хоган Гидле.
Според него, реизборот на Путин не е изненадување за администрацијата на Трамп.
„Ние ќе работиме на развивање на односите со Русија и ќе наметнеме санкции ако Русија ги загрози нашите интереси. Но, ние ќе ги разгледаме и можностите да работиме заедно со Русија, во случаи кога тоа е во наш интерес“, рече Гидле.