Некогашниот напаѓач на Челси Дидиер Дрогба исклучително го почитува Лионел Меси, но сепак смета дека Аргентинецот не е најдобар фудбалер на сите времиња.
Во разговр за АФП, Дрогба порача дека Меси е најдобар фудбалер на денешницата, но дека Марадона и Пеле се пред него кога се говори за историја.
– Доколку Меси сега ја заврши кариерата ќе може да се каже дека е еден од најдобрите. Тој веќе е легенда, посебен играч, но сепак не е на нивото на Марадона и Пеле, барем се уште не. Но, искрено, не е ниту далеку од нив, истакна Дрогба.
Според Дрогба единственото нешто кое му недостасува на Меси во неговата брилијантна кариера е успех односно титула на Светското првенство во фудбал.
Лео Меси (30) во својата кариера освоил пет Златни топки, и четири Лига на шампиони, но негов евентуален успех во репрезентацијата на Аргентина се уште нема.
https://www.youtube.com/watch?v=BrI7VRfqgo4

