9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Порастот на плата е виртуелна реалност со која СДСМ манипулира

Во Македонија нема пораст на плати, туку само промена на методот на прибирање на податоците за плата, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението на СДСМ, за зголемување на просечната нето плата.

„СДСМ може да излаже и дека просечната плата е 60 000 денари, но Граѓаните на своја кожа ја почуствуваат катастрофалната економска политика на економската црна тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев. Граѓаните секој ден гледаат како пред очи им поскапува потрошувачката кошница, а стандардот им опаѓа. Она што успеаа оваа тројка да го постигне е покачување на акцизите, задолжувањето на државата и вработување на партиски послушници за восоки хонорари во институциите“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека СДСМ има намера да ја смени секоја методологија само за на хартија да ја покачи просечната плата.

„Дека ова е само виртуелна реалност со која СДСМ манипулира, доказ е нивото на реализиран персонален данок на доход во Буџетот на државата. Имено  доколку постои пораст на просечната плата, во тој случај ваквата промена треба да се рефлектира и во буџетот. Податоците на Министерството за финансии за јануари 2018 година покажуваат дека во буџетот се собрани 1 032 милиони денари по основ на Персонален данок на доход односно исто колку што се собрани и во јануари 2017 година. Залуден е обидот со фингирани статистички податоци кој сега СДСМ си го преставува како успех“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави