13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Гигс го советува Бејли: Одбиј го Мурињо и направи го овој чекор…

Селекторот на Велс Рајан Гигс го советува Герет Бејл да ја одбие понудата од клубот каде ја мина целата своја кариера Манчестер Јунајтед и да остане во Реал Мадрид.

Легендарниот Велшанец кој целата кариера ја мина на „Олд Трафорд“ и забележа рекордни 963 настапи, смета дека без оглед на интересот од Жозе Мурињо, неговиот лидер во репрезентацијата треба да остане во Ла Лига.

„Реал Мадрид – тоа е еден од ретките клубови со шампионска аура. Секако дека секој нормален би сакал да остане во Мадрид. Што освои Герет со нив, три титули во Лигата на шампионите! Ете доказ. Кога играте за таков клуб, секогаш ќе освојувате трофеи. Герет може да постигне различни голови, а сличен е и со Кристијано Роналдо. Двајцата почнаа како крила, сега се голгетери“, изјави Гигс.

 

Ерата на легендарниот Велшанец на клупата на националниот тим започна триумфално – со победа над Кина од 6:0 во која токму Бејл постигна хет-трик.

Прославениот фудбалер вели дека има уште многу да учи, но дека му помага тоа што имал прилика да разговара со Антонио Конте и Еди Џонс, селекторот на рагби репрезентацијата на Англија.

Зборував со голем број тренери додека бев без работа. Следев други спортови, бев зафатен, а на една хуманитарна вечера седев со нив двајца и разговаравме. Беше ужасно всушност бидејќи Еди постојано ме прашуваше за Сер Алекс Фергусон, а јас сакав да ги знам тајните на неговиот успех“, истакна Гигс.

Велшкиот селектор четири натпревари самостојно го водеше Манчестер Јунајтед по смената на Дејвид Мојес и вели дека тоа било значајно искуство за него.

„Многу научив за самостојноста додека бев тренер на Манчестер Јунајтед. Кога ќе ја затворите вратата од канцеларијата, а останатите си одат дома, препуштени сте сами на себе. Добро е да имате некој околу себе, особено е важно тоа да биде човек од доверба, но сепак Олд Трафорд умее да биде самица. Сепак, на крајот, вие сте шефот и морате да носите одлуки. Се на крајот се стекнува на собирање искуство кое е најважно во оваа работа“, подвлече Гигс.

поврзани објави

Последни објави