Сака во Реал Мадрид
Шпанскиот голман Давид де Геа наводно од раководството на Манчестер Јунајтед побарал дозвола за заминување од клубот.
За неговиот трансфер во редовите на мадридски Реал веќе долго време се зборува. Беше на чекор од заминување во тимот на Кралевите во 2015. година, но трансферот пропадна во финишот на преодниот рок, бидејќи размената на хартиите меѓу клубовите доцнеше неколку секунди.
Остана Де Геа уште три години во Јунајтед. Шпекулации имаше многу, а се чини дека ова лето конечно одлучи да го напушти Олд Трафорд.
Англиските медиуми тврдат дека шпанскиот чувар на мрежата на приватниот состанок побарал од челниците на тимот од Манчестер да му дозволат трансфер во Реал Мадрид во наредниот преоден рок.
Меѓутоа, потврди за вистинитоста на овие информации се уште нема. На нив веројатно ќе чекаме до крајот на сезоната кога доста работи околу евентуален трансфер на сјајниот голман ќе се знаат.
Де Геа е член на Јунајтед уште во 2011. година. Тој има повеќе од 300 настапи за клубот, но очигледно дојде време за разделба со Црвените ѓаволи.