Полицаецот кој се понуди доброволно себеси во размена на заложниците во текот на терористичкиот напад врз супермаркет во францускиот град Треб , почина од здобиените повреди.Со ова бројот на жртви се искачи на четири лица, а уште 16 лица се ранети, од кои две се во тешка состојба. Напаѓачот пукал во 45-годишниот полицаец Арно Белтрам и тешко го повредил. Полицијата набргу потоа го уби напаѓачот.Утврден е неговиот идентитет тоа е Редуан Лакдим 26-годишен доселеник од Мароко, жител на Каркасон.Напаѓачот им бил веќе познат на разузнувачките служби. ИД објави дека нападот е нејзино дело.Синоќа француската полиција приведе лице за кое се верува дека е вмешан во нападот. Притворениот е малолетен, роден во 2000 година, и бил пријател на напаѓачот.Жена поврзана со Лакдим беше уапсена вчера.