15.8 C
Skopje
сабота, ноември 15, 2025

„Граѓаните плаќаат, министрите се гоштеваат“, за 6 месеци само за храна и пијалаци потрошиле 180 000 евра

Владата на премиерот Зоран Заев можеби е отчетна, но се чини не е многу штедлива кога станува збор за трошење на храна и пијалаци. За половина година владините функционери изеле и испиле скоро 180 илјади евра. Од јуни до декември 2017-та, според статистиките, извршната власт трошела по околу 1300 евра дневно буџетски пари во ресторани и барови.

На листата предничи премиерот Заев кој од средината до крајот на мината година за угостителски услуги дома и во странство има платено 34 илјади евра. Зад него на табелата е министерот за економија Крешник Бектеши кој за јадење и пиење потрошил 14 илјади евра. Следи вицепремиерот Бујар Османи, со потрошени скоро 13 илјади евра, па зад нив се Билен Салији, Роберт Алаѓозовски, Садула Дураку, Љупчо Николовски, кои за овој шест месечен период  имаат потрошено меѓу 7 и 12 илјади евра за храна и пијалаци.

Приказ на владините трошоци има и по друга ставка – уплати за авионските билети за што во спомнатиот период се дадени вкупно 66 илјади евра. Прв на оваа листа разбирливо е министерот за надворешни работи Никола Димитров, чии летови од јуни до декември минатата година чинеле околу 16 илјади. По него е вицепремиерот Кочо Анѓушев, со платени 6 илјади евра за авионски карти, а следат Бујар Османи, Крешник Бектеши, Роберт Алаѓозовски и Радмила Шекеринска.

 

https://www.youtube.com/watch?v=kqx9XR7KBJk

Повеќе за ова на ТВ21

поврзани објави

Последни објави