14.8 C
Skopje
сабота, ноември 15, 2025

ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: Агуеро откри каде ќе ја продолжи својата кариера

Светското првенство се ближи, а како и секогаш огромен притисок има врз Аргентина и нивните репрезентативци. Кун Агуеро за Фокс Спорт разговараше за репрезентација, очекувања за СП и иднината во Манчестер Сити.

Се чувствувам должно спрема националниот тим. Единствениот начин да им се одолжам е освојување на Светско првенство, рече сјајниот напаѓач. Ѕвездата на Манчестер Сити се нашали на повикот на Игуаин во репрезентацијата велејќи – за мене би било подобро доколку тој не добиеше повик.

За иднината во Сити и неговите планови го кажа следново: Кога мојот договор со Сити истече (2020), ќе се вратам во Аргентина, поточно во Индепендиенте“. Потсетуваме, аргентинецот израсна во аргентинскиот тим каде што ја започна својата професионална кариера пред да замине во Атлетико Мадрид.

поврзани објави

Последни објави