Жозе Мурињо планира да се реши од Пол Погба кој пружа очајни резултати за Јунајтед, па на тој начин да се отвори пат за нови играчи. Се претпоставува дека Јунајтед ќе потроши повеќе од 200 милиони евра на засилувања, а добар дел би можел да помогне евенуална продажба на Французинот. Стратегот на Јунајтед и Погба се во лоши односи а реконструкција на екипата е повеќе од потребна бидејќи досегашните засилувања сепак не ја оправдаа зацртанаа цел. Како прво засилување, односно како замена за Погба се споменува името на Тони Крос. Мурињо го обожава Крос поради неговата интелигенција на теренот и токму поради ова сака да го види како лидер на својата екипа.
https://www.youtube.com/watch?v=v6mBmqU9Vn0
28 годишниот играч е еден од клучните играчи на Реал Мадрид во изминатите четири години. Цената која Реал ја постави за сјајниот репрезентативец на Германија е близу 100 милиони фунти.
Друг фудбалер кој Јунајтед ќе проба да го донесе е членот на Реал Мадрид, Рафаел Варане. Најголемиот проблем на Мурињо од доаѓањето во Јунајтед е токму одбраната, а Варан би можел да донесе огромен квалитет во последниот ред. Реал го проценува фудбалерот на 70 милиони фунти, а репрезентативецо на Франција на радарот на Мурињо е веќе три години, поточно од како работеше со него во Реал Мадрид.
Четврто можно засилување е играчот на ПСЖ, Марко Верати. Ако Погба замине во правец на ПСЖ, се шпекулира дека на Јунајтед ќе им треба креативност, а од ПСЖ би можеле да го добијат токму тоа кога станува збор за Верати. Манчестер Јунајтед би направиле одлична работа ако се нешто слично случи бидејќи моментално од Погба имаат само големо име на лист хартија. Не смееме ни да замислиме каква игра би имал Јунајтед ако ги привлече Крос и Верати. Среден ред од соништата.