Според грчкиот весник „Икатимерини“ за време на посетата на Никос Коѕијас во Скопје, имало руска интервенција во насока на притисок врз грчката страна. Москва никогаш не била гледана со симпатии од очите на Атина во врска со решавање на спорот за името во корист на Атина, со што би се тргнала „националната главоболката“ на Грција. Според медиумите во Скопје, Руските тајни служби нема да го поткопуваат про-европскиот како што Икатимерини го нарекуваат, Зоран Заев и неговата партија, која туку што ја превзема власта, туку напротив ќе биде поддржан од нив.
Ова е прв пат по долго време, некој отворено да каже нешто кон новата влада на Скопје.
Од друга страна Амбасадорот на Русија во Македонија тврди дека спорот за името може да се реши единствено под посебни услови и засега не би требало јавноста да се инволвира до тој степен во преговорите. Русија секогаш отворено го поддржуваше Скопје во секој можен поглед, но никогаш не се трудеше да биде вистински демократски медијатор кога се однесува за спорот за името. Со сето ова истакнато и дознато од нашите дирекни извори на терен, главоболките на Грција сѐ уште ќе продолжат и тоа овој пат потпомогнати од Русија, објавуваат од „Икатимерини“.
Извор: „Икатимерини политики“