0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Ланѕини: Судијата Еткинсон ми кажа дека нема да покаже жолти картони уште пред стартот на мечот

Мартин Еткинсо веќе неколку години важи за еден од наценетите судии во Англија, а воедно и најдобрите во светот, а сега неговото име стана доста популарно во јавноста поради една изјава која ја даде аргентинскиот репрезентативец, Мануел Ланѕини.

Фудбалерот на Вест Хем откри дека Еткинсон склучил специјален договор со фудбалерите пред почетокот на мечот меѓу Италија и Аргентина, со оглед на тоа што мечот кој се одигра во Манчестер беше последен за искусниот судија на интернационално ниво.

– Пред почетокот на мечот, судијата ми кажа дека тоа ќе биде негов последен интернационален меч и дека нема да додели ниту еден жолт картон на средбата. Сакаше својот последен меч да мине без картони, – открива Ланѕини кој со оваа анегдота го испрати Еткинсон во пензија барем кога се во прашање интернационалните обврски.

Инаку, што се однесува до самиот меч, Еткинсон во неколку наврати без никакво колебање можеше да даде опомени и да покаже жолти картони на двете страни, но сепак на крајот остана на дадениот збор и натпреварит меѓу Италија и Аргентина заврши без јавна опомена.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави