Моќни минерали
Освен витаминот Ц, портокалите се богати со минерали – калциум,калиум, магнезиум. Калциумот ги чува коските, а калиумот нервниот систем и мускулното ткиво.
Идеално овошје за трудниците и пушачите
Познато е дека никотинот го уништува витаминот Ц. Затоа често слушаме дека на пушачите им е потребно внесување поголеми количини витамин Ц, а портокалите се одличен извор.
Портокалот е идеална храна за трудниците бидејќи изобилува со фолна киселина, неопходна за развојот на фетусот.
Висок процент на вода
Содржат 86 проценти вода, па брзо го заситуваат нашиот организам. Бирајте ги оние со мазна кора бидејќи се посочни и послатки.
Внатрешната страна од кората е лековита
Флавоноидите се моќни антиоксиданти кои во најголем дел се наоѓаат во белиот дел од кората, а го намалуваат ризикот од мозочен удар.
Од портокалот се добива најпопуларниот сок
Од еден портокал се добива 90мл сок кој е одличен за прочистување на организмот, а дури 85 проценти од портокалите се преработуваат во сок, па затоа истиот е најпопуларен во светот.
Ресани!
Уште во 19 век британската компанија “Маквити” го произвела првиот “јафа кекс”.
Етерично масло против бактерии
Етеричното масло од портокал делува фунгицидно, бактерицидно и ја тонизира работата на срцето.
Портокалот се користи и во арома-терапии за производство на парфеми.