30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Вучиќ свика итна седница на српскиот Совет за национална безбедност

Српскиот претседател Александар Вучиќ свика итна седница на српскиот Совет за национална безбедност за утре претпладне по повод актуелната ситуација и тензиите на Косово, соопштуваат српските медиуми.

Повикувајќи се на неофицијални извори, белградски Блиц на интернет објави дека „освен Косово и Метохија ќе се разговара и за други теми“.

Седницата е закажана за утре во 10 часот, но кабинетот на Вучиќ не објави детали околу вонредната седница на Советот за национална безбедност.

поврзани објави

Последни објави