Грчката лига конечно продолжува, но со едно ново ригорозно правило

80
солун атина

После три недели пауза, овој викенд конечно ќе биде продолжена грчка Суперлига која беше привремено суспендирана поради инцидентот на натпреварот ПАОК и АЕК со Иван Савидис во главна улога.

Контроверзниот сопственик на ПАОК во судското продолжение втрча на теренот со пиштол околу појасот и тоа во знак на протест поради лошото судење. Судијата претходно поништи гол на солунскиот тим за победа, а сцените каде што сопственикот на ПАОК влегува на терен го обиколија цел фудбалски свет.

Под нов услов – три пати насилство на терен во една сезона, значи исклучување на тимот од лигата, но и казни за клубовите чии сопственици би имале недолично однесување со закани.

Првенството ќе продолжи на 31. март – сабота, и 1 април – недела.