-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Турција нема веќе да ги признава македонските дипломи

Турција го прекинува договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа. Одлуката, потпишана од Реџеп Тајип Ердоган, е донесена уште во декември минатата година по предлог на турското Министерство за надворешни работи, но влегува во сила на 11 февруари.

Одлуката на Турција доаѓа откако македонските власти не презедоа конкретни мерки по барање на турските власти за затворање на училиштата и фондациите за кои Анкара смета дека се поврзани со движењето на Фетула Ѓулен.

поврзани објави

Последни објави