Sun. Oct 1st, 2023

Репрезентацијата на Унгарија го направи најголемото изненадување на ракометното Светско првенство во Франција, откако во осминафиналната пресметка беа подобри од Данска со 27:25.

Данците беа апсолутни фаворити во пресрет на средбата, но Унгарија одигра едно крајно дисциплиниран натпревар и сосема заслужено се избори за четвртфинале.

Водството на Унгарија започна со 2:0, и се одржуваше се до полувреме, каде на одмор се замина со 13:12. Во вториот дел Данска имаше и негатива од четири погодоци (20:16, 21:17 и 22:18). Данска сепак изедначи, но немаше сили за целосен пресврт, па во самиот финиш Унгарија со мудра игра дојде до победата.

Во второто денешно осминафинале, Шведска без проблеми ја елиминираше Белорусија, совладувајќи ја со убедливи 41:22.

By kiko

Leave a Reply

Your email address will not be published.