-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Бачев за ПОГЛЕД: Македонија врие од странски шпиони набутани во амбасадите на САД, Велика Британија и Германија

Причините кои ги наведе Никола Димитров за протерувањето на рускиот дипломат од Македонија се смешни, несериозни и служат за потсмев на меѓународната сцена. Дотолку повеќе, ваквата одлука на Димитров е преседан во практиката и доктирната на меѓународните политички односи каде една држава свесно ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси.

Така, Македонија протерува дипломат на Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, рускиот претседател Путин на отворена сцена рече дека писменоста доаѓа од македонската земја.

Од друга страна, Македонија се солидаризира со Велика Британија која во 1948 година фрлаше напалм бомби врз Македонците во Беломорска Македонија, која сега се залага за промена на македонското име и идентитет, редефинирање на Македонија или кантонизација според мапата што британскиот амбасадор Чарлс Гарет му ја покажал на претседателот Иванов на средбата во претседателската резиденција на Водно.

Понатаму, својата одлука за протерување на рускиот дипломат Димитров ја става во контекст на употребата на хемиско оружје, Меѓутоа, очигледно Димитров го изгубил компасот, бидејќи, Македонија навистина е загрозена од хемиско оружје, но, не од Русија, туку од друга адреса, поточно, од бомбите со ураниум кои НАТО ги фрлаше при злосторничката агресија врз СР Југославија, а чии последици ги трпиме до денешно време со големиот број заболувања токму како резултат на ураниумот содржан во бомбите на НАТО.
Истовремено, Димитров на отворена сцена ја понижи македонската тајна полиција со изјавата дека рускиот дипломат наводно преземал шпионски активности, иако станува збор за дипломат кој е во Македонија повеќе од десет години. Значи, откога амбасадорите Џес Бејли и Чарлс Гарет го построија Димитров и му наредија да протера руски дипломат, замислете, во истиот момент македонската тајна полиција открила руски шпион во Македонија кој престојува тука повеќе од десет години. Би било смешно, да не е жално!

Од друга страна, точно е дека во Македонија врие од странски шпиони. Меѓутоа, вистинско шпионско дувло претставуваат американската, британската и германската амбасада во Скопје. За неупатените да кажам дека во овие амбасади има разузнавачи центри чии агенти се камуфлирани во најразлични форми (културни, трговски, политички секретари во амбасадите и слично) со цел да бидат заштитени со дипломатски имунитет од кривичен прогон доколку бидат откриени дека прибираат разузнавачки податоци. Што е најтрагично, амбасадите на САД, Велика Британија и Германија директно се мешаат во внатрешните работи на Македонија што е спротивно на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Со еден збор, антимакедонската одлука против Русија е врв на полтронството на Димитров спрема Џес Бејли и Чарлс Гарет, меѓутоа, Димитров испуштил од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени!

Сепак, среќа во несреќа е што зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија не стои македонскиот народ, туку одлуката е резултат на одродени Македонци во власта со изгубено национално чувство и корумпирани и купени од странски ментори. Нашите руски пријатели добро знаат дека Македонија во моментот е окупирана земја и дека ова е одлука на окупаторот во содејство со домашни јаничари во власта.

проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

поврзани објави

Последни објави