35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

СТРАШНО: Шпански фудбалер падна од трети спрат на хотелот, соиграчите во шок!

Фудбалската Сегунда во Шпанија денеска ќе биде пократка за еден меч од предвидената саботна програма, а причина за тоа е еден нескојдневен и страшен инцидент кој се случил ова утро во хотелот во Уеска каде престојувале фудбалерите на Албасете.

Тимот на Албасете оваа вечер требаше да и гостува на Уеска во 20:00 часот, но сепак овој натпреварр нема да биде одигран поради падот од хотелот кој го доживеал 27-годишниот играч за врска на Албасете, Пелајо Ново. Шпанскиот фудбалер од непознати причини и во непознати околности паднал од третиот спрат на хотелот, а страшниот инцидент го пријавиле неговите соиграчи Рубен Мињо и Сусаета кои први ги виделе последиците од немилиот настан.

Ново бил експресно префрлен во болница со неколку потешки повреди од падот, но за среќа од болницата во Уеска информираат дека не станува збор за животнозагрозувачки и дека неговата состојба е стабилна. Сепак, и покрај ваквата позитивна информација, поради стресот и стравот кој го претрпеле играчите на Албасете, вечерашниот меч е одложен од страна на шпанската фудбалска федерација.
Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави