13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

“Терминаторот“ на итна операција на отворено срце!

Хируршката процедура на која претходно бил подложен била експериментална, што предизвикала компликации. Докторите биле подготвени во случај да не успее замената на срцевите залистоци, па тие брзо одлучиле дека на “Терминаторот” му е потребна операција на отворено срце.

Самата хируршка интервенција траела неколку часа. Ова не е прва операција на срце за Шварценегер. Уште во 1997 година, популарниот глумец имал замена на еден срцев залисток.

Хирурзите тогаш не сметаат дека е потребна хируршка интервенција, но актерот одлучи да се оперира “додека е уште млад”.  Тогаш тој изјави дека здравствената состојба на неговото срце “не е на било кој начин поврзана со стероиди”.

Официјални лица од болницата “Сидарс-Синаи” во Лос Анџелес соопштија дека срцевиот залисток, ставен во 1997 година, не бил трајно решение и дека го надживеал очекуваниот рок на траење.

Здравствената состојба на Арнолд Шварценегер е стабилна и тој се опоравува по операцијата.

поврзани објави

Последни објави