5.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Конте со огромна желба да го напушти Челси

Останува ли Челси без менаџер?

Екипата на Челси веројатно ќе остане без пласман во Лига на шампиони. Сините од Лондон се девет бодови зад Тотенхем во борбата за четвртото место во Премиер лигата и уште актуелните прваци имаат тешка мисија до крајот на сезоната.

Конте во првата сезона му донесе титула на Челси. Сепак, оваа сезона тимот игра многу лошо, а според некогашниот играч на Челси, како и соиграч на Антонио Конте, Џианлучи Виалија, италијанскиот стратег едвај чека да замине од Челси.

– Конте едвај чека да замине од клубот. Тој не може да го поднесе фактот дека купуваат и продаваат фудбалери без да се консултираат со него. Вистина е дека Челси сакаат менаџер кој ќе биде управуван од управата на клубот.

Уверен е дека Конте ќе стигне на врвот без разлика каде би ја продолжил својата кариера.

– Ако ја преземе репрезентацијата или ПСЖ тој ќе се врати на победничките патеки и ќе освојува трофеи. Клубовите буквално ќе се тепаат за неговите услуги, додава тој.

поврзани објави

Последни објави