13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Донесена конечна одлука: ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собрание!

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собрание, а нејзин прв чекор кој ќе го преземе по враќањето во највисокиот законодавен дом ќе биде гласање на недоверба на владата.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски истакна дека дека тие, само преку еден ваков начин, ќе можат да ја следат имплементацијата на реформските закони.

Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата. Поразите станаа секојдневие, а голиот популизам нејзино обележје, во реалноста народот живее многу полошо. Оваа криминална влада станува запаметана како најнеспособната досега од осамостојувањето на Република Македонија – изјави Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави