4.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Алваро Мората по трет пат во Реал Мадрид

Алваро Мората по трет пат би може да заигра во Реал Мадрид

Денес скоро сите најважни медиуми од Англија пишуваат дека сигурно ќе заминат во Реал Мадрид, доколку на Сантиаго Бернабе не пристигне Роберт Левандовски.

Во Челси никако не се задоволни од работата и резултатите на Мората кој не ги оправда вложените пари. На 40 натпревари постигна 14 голови, а по Декември дури денеска успеа да постигне гол во Премиер лигата што секако не е она што го бараат во Челси бидејќи бараа напаѓач со 30+ голови по сезона.

Дали шпанецот е спремен повторно да се врати во кралскиот клуб е прашање. Но, како што пишуваат медиумите во Челси се расположени за една ваква зделка, па останува да видиме…

поврзани објави

Последни објави