23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Мистеријата конечно решена: Еве зошто велемајсторот не игра во ПСЖ, причините се не коректни

Хатем Бен Арфа потврди дека го напушта ПСЖ по истекот на договорот ова лето. 31. годишниот фудбалер од француската дива по сјајната сезона 2015/16 во дресот на Ница, кога постигна 17 голови во првенството. Но, преминувањето се испостави како тотален промашај, веќе долго време е надвор од теренот, а по често е на трибините, отколку на клупата како протокол за средби или евентуална замена за некој од првиот тим.

– Ме боли кога гледам што му прават. Па тој е талентиран исто како и Меси, рече не одамна Карим Бензема.

Со право се поставува прашањето зошто Бен Арфа не игра? Тајната ја откри “France Football“. Имено, угледниот спортски магазин, тврди дека проблематичниот фудбалер во април месец минатата година се нашалил Ал Тани за тоа колку е тешко да се дојде до претседателот на клубот Ал Келаифи. Оваа негова шала, според спортскиот магазин толку многу го налутила шеикот што тој истакнал дека играчот никогаш повеќе нема да заигра за ПСЖ.

Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем – тој се зафракавал на сметка и на тренерот Умтити кој го имитирал за неговиот лош француски јазик. Неговите шеги му се допаднале на соиграчите, но не и на тренерот.

https://www.youtube.com/watch?v=oAVBO9wJn4A

поврзани објави

Последни објави