35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Ниту една снаа не и се одмаздила на свекрва си на ваков начин!

Во сообраќајна несреќа, мажот останал без дел од кожата на лицето, а неговата сопруга се понудила да му пресадат нејзина кожа…

Брачен пар доживеал тешка сообраќајна несреќа во која мажот се здобил со тешки повреди на лицето, по што изгубил дел од кожата на тој предел од телото. Докторот му рекол дека за пластичната операција не може да ја искористат кожата од остатокот на неговото тело, бидејќи бил премногу слаб. Тогаш жената се понудила да донира дел од својата кожа.

Меѓутоа во болницата процениле дека единствен дел од кожата кој одговара се наоѓа на нејзиниот задник. Мажот и жената се договориле дека нема никому да кажат од каде е земена кожа за операција, а ги замолиле и медицинскиот персонал да ја чуваат нивната тајна. Сепак се работела за многу чуствителна тема.

По излегувањето од болницата, луѓето не може да се изначудат на неговото ново лице. Изгледало многу поубаво од секогаш. Сите роднини и пријатели се воодушевувале на неговата убавина.

Еден ден кога мажот останал насамо со сопругата и кога го преплавиле емоции поради нејзинта жртва тој и рекол:

„Драга моја, сакам да ти се заблагодарам за се што направи за мене. Како можам да ти се оддолжам“?

„Драги мој… Доволно ми е што секој пат ја гледам твојата мајка како те бакнува во лицето“…одговорила неговата сопруга

поврзани објави

Последни објави